Денес Ердоган ќе престојува во посета на Ѓумулџине

Петочниот намаз ќе го клања во џамијата Кирмахале и ќе се состане со овдешните Турци

864112
Денес Ердоган ќе престојува во посета на Ѓумулџине

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган продолжува со посетата на Грција

По вчерашната посета на Атина, денес претседателот Ердоган ќе престојува во посета на Ѓумулџине (Комотони) каде што ќе се состане со претставниците на турското малцинство во оваа земја

Ердоган до Дедеагач (Александрополис) ќе допатува по воздушен пат, од тука по копнен пат ќе пристигне во Ѓумулџине.

Петочниот намаз ќе го клања во џамијата Кирмахале и ќе се состане со овдешните Турци.

По посетата на Ѓумулџине, Ердоган ќе се врати во земјава.



Слични вести