Парламентот на Турција ја отфли најавата на САД да го признае Ерусалим за главен град

Во заедничката изјава се истакнува дека оваа најава на САД е авантуритичка иницијатива и дека истата ја отфрлаат со голема решителност.

862774
Парламентот на Турција ја отфли најавата на САД да го признае Ерусалим за главен град

Турските парламентарни партии со заедничка изјава ја отфрлија најавата на САД да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

Во заедничката изјава се истакнува дека оваа најава на САД е авантуритичка иницијатива и дека истата ја отфрлаат со голема решителност.

Претседателолт Реџеп Тајип Ердоган денеска водеше интензивни телефонски разговори со кралот на Саудиска арабија Селман и со шејхот на Катар ел Сани.

И во двата разговвори беше нагласена загриженост за регионалниот мир и стабилност во случај Ерусалим да биде прогласен за главен град на Израел.

Ердоган истакна дека трајниот мир на Блискиот исток поминува од независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим а во рамките на границите зацртани во 1969 година.



Слични вести