Ердоган оствари телефонски разговори во врска со планот на САД за Ерусалим

Меѓународната заедница и ОН ја одби одлуката за анексија која што во 1980 година ја усвои Израел во врска со Ерусалим

862535
Ердоган оствари телефонски разговори во врска со планот на САД за Ерусалим

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со малезискиот премиер Неџип Резак, тунискиот претседател Ел-Баџи Каид ес-Сибси и иранскиот претседател Хасан Рохани.

Ердоган на телефонските разговори со соговорниците рече дека иницијативата за признавање на Ерусалим за главен град на Израел ќе предизвика застој на Блискоисточниот мировен процес.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган на разговорите подвлече дека за воспоставување на мирот и стабилноста во регионот, се налага неминовна потреба за формирање независна и суверена Палестинска држава со главен град Источен Ерусаим согласно границите од 1967 година.

„Меѓународната заедница и ОН ја одби одлуката за анексија која што во 1980 година ја усвои Израел во врска со Ерусалим“ потсети претседателот Ердоган потенцирајќи дека Ерусалим е свет град и за муслиманите и претставува многу чувствително прашање за сите исламски земји.

На средбите беше потенцирано дека секој обид за евентуална промена на статусот на Ерусалим ќе предизвика големи реакции во исламскиот свет и негативно ќе се одрази врз напорите за мир и стабилност во регионот.



Слични вести