Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со германскиот колега Штајнмаер

На разговорот беа разменети мислења во врска со актуелните случувања во Сирија и билатералните односи

858019
Претседателот Ердоган оствари телефонски разговор со германскиот колега Штајнмаер

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган со германскиот колега Франк-Валтер Штајнмаер разменија мислења во врска со трилатералниот состанок во Сочи што се одржа на 22 ноември, на кој учествуваа лидерите на Турција, Русија и Иран.

Според извори од кабинетот на претседателот, Ердоган оствари телефонски разговор со германскиот претседател Штајнмаер.

На разговорот, освен кризата во Сирија беа разменети мислења во врска со билатералните односи. Претседателот Ердоган германскиот колега го информираше за трилатералниот состанок на 22 ноември во Сочи на кој учествуваа лидерите на Турција, Русија и Иран.

На разговорот беа разменети мислења во врска со актуелните случувања во Сирија. Претседателот Ердоган рече дека процесот наговестува дека постои можност да се одржат слободни, праведни избори под надзор на ОН на кои ќе можат да учествуваат сите граѓани на Сирија.

Согласно резолуцијата број 2254 на СБ на ОН, Турција придава големо значење на одржување сеопфатни, слободни, праведни и транспарентни избори под водство на сирискиот народ, рече Ердоган.

Конгресот за национален дијалог во Сочи не е алтернатива на преговорите во Женева, туку има комплементарна улога, рече Ердоган и потенцираше дека на конгресот нема да има место за претставниците на терористичките организации.

Во освртот на односите меѓу Турција и Германија, претседателите Ердоган и Штајнмаер потенцираа на потребата за интензивирање на билатералните односи.

Двајцата лидери посочија на потребата за преземање конкретни меѓусебни чекори на тоа поле.



Слични вести