Една ноќ можеме да дојдеме ненадејно

Претседателот Трамп лично на претседателот Ердоган по телефон му рече дека САД нема да испраќа оружје на ЈПГ во иднина

858500
Една ноќ можеме да дојдеме ненадејно

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека во случај на евентуална закана од страна на ПЈД/ЈПГ сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК преку Африн врз Турција, тогаш една ноќ можеме да влеземе ненадејно во регионот.

Во рамките на официјалната посета на Азербејџан, министерот Чавушоглу одржа билатерални и трилатерални средби со азербејџанскиот министер за надворешни работи Елмар Мемедјаров и пакистанскиот министер Хоџа Мухамед Асиф.

По средбите, министерот Чавушоглу одржа заедничка прес конференција со колегите.

Чавушоглу на прес конференцијата во освртот на случувањата во Сирија рече:

„Како што претходно (во рамките на операцијата Еуфратски штит која што започна на 24 август 2016 и траеше 216 дена) без двоумење од Килис влеговме во областа и ја исчистивме од терористичката организација ДЕАШ, исто така и во случај на евентуална закана од Африн или некое друго подрачје од Сирија насочена против Турција, без двоумење ќе влеземе и во тие подрачја и истите ќе ги исчистиме од терористите. Како што претсдетаелот Ердоган имаше речено: Една ноќ можеме да дојдеме ненадејно“.

Во врска со контрадикторните изјави и соопштенија од САД во врска со доделувањето оружје на ПЈД/ЈПГ, министерот Чавушоглу рече:

„Претседателот Трамп лично на претседателот Ердоган по телефон му рече дека САД нема да испраќа оружје на ЈПГ во иднина. Турција не се меша во внатрешните работи на САД, но во случај Пентагон не го слуша својот претседател, тогаш тоа не засега нас. Бидејќи оружјето кое се доделува на ПЈД/ЈПГ претставува закана за нас. Иако тоа навидум е вантрешно прашање на САД, не треба да се заборави дека земја како што е САД треба да го почитува зборот на претседателот. Турција придава големо значење на тоа. Турција ги одржува сите дадени ветувања“ рече Чавушоглу.



Слични вести