Голема веројатноста за преземање операција на областа Африн во Сирија

Неприфатливи се обидите на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ за промена на древната демографска структура на Сирија

857187
Голема веројатноста за преземање операција на областа Африн во Сирија

Вчера под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган се одржа последниот редовен состанок на Советот за национална безбедност.

Во соопштението кое беше објавено по 3,5 часовниот состанок беше наговестена можноста за преземање операција на областа Африн во Сирија.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Според проценката на Турските вооружени сили, во рамките на успешната набљудувачка мисија во Идлиб каде што се наоѓаат со цел да се намали напнатоста во подрачјето, задачата се планира да се пролонгира во близината на Западен Алепо и Африн, со цел да се воспостави мир и безбедност и во ова подрачје.

Неприфатливи се обидите на терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ за промена на древната демографска структура на Сирија преку прикриено етничко чистење како и напорите за стекнување со земјиште што се коси со меѓународното право и човековите права. Турција ќе продолжи со преземање на сите потребни мерки и санкции за заштита на својата безбедност, особено граничните подрачја.

Исто така неприфатливи се непријателските приоди и искази насочени против основачот на Републиката Гази Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Реџеп Тајип Ердоган на воената вежба на НАТО „Trident Javelin 2017“, поради што се очекува продлабочување на истрагата во врска со прашањето.“

Во соопштението кое беше објавено по состанокот на Советот за национална безбедност уште еднаш беше повторен повикот до меѓународната заедница за пружање хуманитарна помош на муслиманите од Аракан, како и преземање на потребните активности за враќање во нивните домови. Турција активно ги следи случувањата на тоа поле и ќе продолжи со потребните активности за што поскоро окончување на драмата и трагедијата која се претвори во тест за човештвото.



Слични вести