Турција и понатаму ќе се залага за глобално решавање на прашањата на најмалку развиените земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека  основниот принцип на турската надворешна политика се базира на човекот

Турција и понатаму ќе се залага за глобално решавање на прашањата на најмалку развиените земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека  основниот принцип на турската надворешна политика се базира на човекот.

Чавушоглу во Анталија говореше на отворањето на 9. Глобален саем за развој Север-Југ 2017.

Во говорот министерот Чавушоглу рече дека Турција и понатаму ќе се залага за глобално решавање на прашањата на најмалку развиените земји.

Турција со досега реализирана хуманитарна програма од 6 милијарди долари е веднаш по САД ,како втора земја во светот.

„Турција е секаде онаму каде што има појава на немаштија, судири, природни катастрофи и други непогоди. Таа овие свои програми ги реаликзира во 120 земји.Наша цел е оваа година да се искачиме на челната позиција, бидејќи и така сме пред сите според принципот на национален доход по глава на жител.“

 

 



Слични вести