Технологијата треба да служи за напредокот на светот, а не за негово уништување

Исламскиот свет нема никакви проблеми со науката и изворите на информации

855873
Технологијата треба да служи за напредокот на светот, а не за негово уништување

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на 4-от Меѓународен конгрес на зависност од технологијата на Зелената месечина.

Во говорот во оваа прилика Ердоган потенцираше дека „исламскиот свет нема никакви проблеми со науката и изворите на информации.

Гледано од тој аспект со модерни зборови речено „ние не сме технофобичари“.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган учествуваше на 4-от Меѓународен конгрес на зависност од технологијата на Зелената месечина.

Во говорот во оваа прилика Ердоган потенцираше дека „Исламскиот свет нема никакви проблеми со науката и изворите на информации“.

Гледано од тој аспект со модерни зборови ние не сме технофобичари. Ние на технолошките и научни достигнувања не гледаме од каде потекнуваат, туку зошто и со која цел се употребуваат, која е нивната поврзаност со човечкиот живот.

Денес за жал наместо пријателските и искрени меѓусебни разговори, луѓето комуницираат преку социјалните медиуми. Овој факт покажува дека технологијата наместо да им го олесни животот на луѓето, за жал ги одвојува од животот.

Пред 4 века народниот поет Ќороглу имаше речено дека: „откако беше изумена пушката, се наруши храброста.

Човештвото освен тоа што треба да се спротивстави на атомските бомба, исто така треба да биде и против менталитетот и свеста на оние кои ги поседуваат и кои сметаат дека е легитимна нивната употребата против невините луѓе

Несомнено дека во позадината на секој изум се наоѓа одреден менталитет и перцепција. Основната причина поради тоа што муслиманите немаат предводничка улога во усовршувањето на оружјето за масовно уништување како што се атомската бомба, нуклеарните ракети, не може да се објасни само со заостанатоста. Овој вид на технологија се коси со совеста, животот, погледот на муслиманите кон човекот и природата“ рече претседателот Ердоган.

„Критериумот за приврзаниците на исламската заедница е технологијата да не се користи против основата според која е изумена. Критериумот за технологијата е дека треба да служи за напредокот на светот, а не за негово уништување“ потенцираше претседателот Ердоган.



Слични вести