Ердоган оствари телефонски разговори со Ал Сани и Борисов

Ердоган на разговорите размени мислења во врска со билатералните односи и регионалните прашања

855422
Ердоган оствари телефонски разговори со Ал Сани и Борисов

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговори со катарскиот емир Шеик Темим Бин Хамед Ал Сани и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Според извори од кабинетот на претседателот, на разговорот со катарскиот емир Шеик Темим Бин Хамед Ал Сани беа разменети мислења во врска со билатералните односи, состанокот во Сочи, развојот на случувањата во Сирија и низа други регионални прашања.

Исти извори истакнаа дека на телефонскиот разговор со бугарскиот премиер Бојко Борисов освен билатералните односи, беа разменети мислења и во врска со привременото претседателствување на Бугарија со ЕУ како и интензивирањето на процесот на приемот на Турција во ЕУ.

Двајцата лидери постигнаа согласност за учество на свеченоста што ќе се одржи на 7 јануари 2018 по повод отворањето на Железната црква во истанбулската населба Балат.



Слични вести