Постои консензус во врска со територијалниот интегритет и политичкото единство во Сирија

Основната цел е да се постигне трајно решение кое ќе биде прифатено од страна на сите граѓани на Сирија

854350
Постои консензус во врска со територијалниот интегритет и политичкото единство во Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган постигнатото ниво на преговорите во врска со кризата во Сирија го оцени со зборовите:

„Основната цел е да се постигне трајно решение кое ќе биде прифатено од страна на сите граѓани на Сирија“.

На враќање од трилатералниот состанок во Сочи со рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани, претседателот Ердоган одговараше на прашањата на новинарите во авионот.

„За Сирија имаме постигнато консензус во врска со територијалниот интегритет и политичкото единство на оваа земја. Разменивме детални мислења околу Сирискиот конгрес за национален дијалог. Трите земји ќе одлучиме кој се ќе биде повикан на конгресот. Според сегашните проценки предвидуваме на конгресот да учествуваат претставниците на сите групи во Сирија“ рече претседателот Ердоган.

„Од Конгресот очекуваме да даде придонес во периодот на примирјето и додека нема судири“ рече Ердоган и потенцираше:

„Тука имаме две цели: Првата, да се формира и напише нов устав. Во врска со тоа сме согласни. Втората, да се одржат праведни и транспарентни избори под контрола на ОН“.

Ердоган во оваа прилика посочи на значењето на состанокот од аспект на Африн и рече:

„Состанокот имаше големо значење од аспект на согледувањето и утврдувањето на ставовите на Русија и Иран во врска со Африн. Откако ги утврдивме, ќе продолжат нашите активности за формирање контролни пунктови во Идлиб и Африн“.

„Наредниот трилатерален состанок најверојатно ќе се одржи во Турција или Иран“ рече Ердоган.

На прашањето „Дали во процесот ќе се вклучи и САД?“ Ердоган одговори дека конечната одлука за тоа ќе ја донесат трите земји.

На прашањето: „Дали постои некој резервен план Б во случај во процесот да се вклучи и ПЈД/ЈПД политичката фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК во Сирија?“ Ердоган рече:

„Нашиот Б план се состои од тоа што терористичката организација нема да биде на преговарачката маса. Тоа отворено го изнесовме и на трилатералниот состанок во Сочи. Турција не може да седне на преговарачка маса на која се наоѓа и терористичката организација. Нашиот став во врска со тоа е многу јасен. Во случај да дојде до евентуална закана за безбедноста на нашата земја, нема да имаме никаков срдечен приод кон тоа. Путин ја споделува нашата чувствителност и загриженост во врска со ПЈД-ЈПГ. Тука нема никаков проблем. Единствени САД и коалиционите сили на ја споделуваат нашата загриженост“ рече Ердоган.

„Не само рускиот претседател Путин туку и Асад е против ПЈД и ЈПГ“ подвлече Ердоган.

На прашањето „Дали може да се помисли на евентуална соработка меѓу Анкара и Дамаск во борбата против тероризмот?“, Ердоган одговори:

„Портите на политиката секогаш се отворени до последниот момент“.

На едно друго прашање „Дали досега е воспоставен контакт меѓу Анкара и Дамаск?“, Ердоган рече:

„Засега не е воспоставен никаков контакт“.

Претседателот Ердоган во врска со уништувањето на терористичката организација ДЕАШ и натамошното доставување оружје од страна на САД на ПЈД одговори дека претстојните денови постои можност да одржат телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.



Слични вести