Ердоган,прв претседател на Турција кој по 65 години ќе ја посети Грција

Посетата што ќе се оствари во претстојните денови ќе го комплетира сето она што е претходно направено, изјави вицепремиерот на Турција, Хакан Чавушоглу.

853592
Ердоган,прв претседател на Турција кој по 65 години ќе ја посети Грција

Вицепремиерот на Турција, Хакан Чавушоглу, изјави дека претседателот, Реџеп Тајип Ердоган, ќе биде првиот претседател на оваа земја кој по 65 години ќе ја посети Грција.

Вицепремиерот Чавушоглу истакна дека посетата што ќе се оствари во претстојните денови ќе го комплетира сето она што е претходно направено.

„Има три конкретни проекти. Првиот од нив е да се воспостави траектна линија помеѓу Измир и Солун, за транспорт на луѓе и стоки. Втор проект е изградба на брза железничка линија Истанбул – Солун, а третиот проект е изградба на мост на граничниот премин помеѓу Ипсала и Кипи“, рече вицепремиерот Чавушоглу.

Чавушоглу истакна дека посетата на Грција на претседателот Ердоган ќе овозможи односите меѓу двете земји да се издигнат на повисоко ниво.

Тој потсети дека во почетокот на овој месец и самиот го посетил Комотини, своето родно место, додавајќи дека за време на посетата на Грција, остварил средби во Атина и во Западна Тракија.

Вицепремиерот Чавушоглу нагласи дека во февруари следната година, во Солун ќе се одржи состанок за стратешка соработка на високо ниво, информирајќи за проектите што ќе се спроведат.

 

 



Слични вести