Исламскиот свет треба да биде буден во однос на валканите сценарија против исламското единство

Исламскиот свет поминува низ еден многу тежок период исполнет со раздор

852589
Исламскиот свет треба да биде буден во однос на валканите сценарија против исламското единство

Исламскиот свет треба да биде буден во однос на валканите сценарија насочени против исламското единство, порача претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во говорот на 33-от состанок на Постојаниот комитет за трговска економска и соработка на организацијата за исламска соработка што се одржува во Конгресниот центар Истанбул, претседателот Ердоган рече дека освен економските, социјалните и трговските прашања, на состанокот ќе бидат разменети мислеа и во врска со состојбата во која се наоѓа исламскиот свет.

„Во последните неколку години за жал исламскиот свет поминува низ еден многу тежок период исполнет со раздор“ рече претседателот Ердоган потенцирајќи:

„Запад сите свои болести ги пренесе на исламскиот свет и се обидува да ја земе под гаранција својата иднина. Се спроведува едно валкано сценарио за уништување на единството, богатството, што е најзначајно од се иднината на исламскиот свет“.

„Убиствените маси како што се терористичките организации ДЕАШ, Ал-Каеда, Боко Харам, ПКК/ПЈД/ЈПГ, Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО за жал предизвикаа големо крвопролевање во регионот“ рече Ердоган.

‘Индиферентноста кон случувањата во Сирија и Аракан го покажа вистинското лице на Запад. На местото на западните вредности и придобивки како што се демократијата, човековите права, слободи, за жал согледуваме дека нивното место го заземаат исламофобијата, неонацизмот и расизмот“, рече Ердоган.



Слични вести