Емине Ердоган: Турската жена како гласот на совеста и разумот ја претставува надежта на светот

Емине Ердоган говореше на крајот од состанокот посветен на начините на решавање на проблемите на вработените жени од аспект на синдикатите,организиран од Женскиот комитет на Хак -ИШ Конфедерацијата во Анкара.

852014
Емине Ердоган: Турската жена како гласот на совеста и разумот ја претставува надежта на светот

Емине Ердоган сопругата на претседателот на Република Турција Реџеп Тајип Еррдоган рече дека турската жена како гласот на совеста и разумот ја претставува надежта на светот.

Емине Ердоган говореше на крајот од состанокот посветен на начините на решавање на проблемите на вработените жени од аспект на синдикатите,организиран од Женскиот комитет на Хак -ИШ Конфедерацијата во Анкара.

Таа рече дека анадолската жена е многудимензионална и дека ги има примено како старите турски традиции така и модерните вредности.

Во последните години во Турција се реализирани низа законски решенија со цел подобрување на условите за вработување на жените ,рече Емине Ердоган и продолжи:

„Сите ние сакаме да гледаме што поголем број на жени во одлучувачките механизми.Политика без учество на жената е недоволна.Мило ми е и се гордеам кога гледам околу себе жени кои што исто толку успешни во својата професија исто колку и мажите било дома или во странство, Нашите надежи уште повеќе растат кога гледаме жени кои со сопствени сили и со мали чекори напредуваат на патот кон успехот.

За жал сведоци сме на разни сценарија кои сакаат да го запрат напредокот на сите полиња во Турција. Сепак нема да успеат во воие свои намери благодарение на младите со патриотски чувства  и на пожртуваните жени. Напредокот кој што го постигнува Турција на сите полиња уште повеќе ја зајакнува нашата самодоверба.Жената може мнолгу да постигне доколку верува во себеси и верува во она што го работи.

Турската жена чиј глас е гласот на совеста и на разумот на човештвото ја претставува надежта на светот. Срцата на нашите жени ја претставуваат татковината на истрајноста,пожртвуваноста и љубовта.

На крајот од говорот Емине Ердоган подвлече дека жената ќе ја обликува својата иднина во соработка со мажот..Покривите како што е Хак-Иш се места каде што се согладеува оваа соработка. Ако изнајдеме сила да се бориме со проблемите на кои наидуваме на нашиот пат ќе успееме да ги оствариме нашите цели. Жената треба да биде силна за народот да биде силен. 

İ



Слични вести