Исмаил Кахраман реизбран за претседатаел на собранието

Кандидатот на Партијата за правда и развој (АКП) и пратеник од Истанбул Исмаил Кахраман и досегашен претседател на собранието освои 289 гласови

851290
Исмаил Кахраман реизбран за претседатаел на собранието

Пратеникот од Истанбул и кандидат на Партијата за правда и развој (АКП) Исмаил Кахраман реизбран за претседател на Големото национално собрание на Турција.

Денес се одржа гласање за избор на претседателството на 26-от период на Генералното заседание на Големото национално собрание на Турција.

Во првиот и вториот круг на гласањето ниту еден од кандидатите не можеше да го освои потребното двотретинско мнозинство за избор на претседател на Собранието, поради што се премина на третиот круг.

На третиот круг на гласањето учествуваа 509 пратеници. Кандидатот на Партијата за правда и развој (АКП) и пратеник од Истанбул Исмаил Кахраман и досегашен претседател на собранието освои 289, кандидатот на Републиканската народна партија (ЏХП) и пратеник од Измир Зекерија Темизел 124, кандидатот на Демократската партија на народите (ХДП) и пратеник од Хакќари Селма Ирмак 37, кандидатот на Партијата за национално движење (МХП) Џелал Адан 36, кандидатот на партијата Добра партија и пратеник од Кајсери Јусуф Халачоглу освои 7 гласови.

16 гласови беа неважечки.

Според резултатите од третиот круг на гласањето, Исмаил Кахраман со освоени 276 гласови беше резибран за претседател на Собранието.



Слични вести