Турција е против сите случувања кои можат да предизвикаат ризик за стабилноста на Либан

Турција го поддржува единството, стабилноста и интегритетот на Либан

849386
Турција е против сите случувања кои можат да предизвикаат ризик за стабилноста на Либан

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција е против сите случувања кои можат да предизвикаат ризик за стабилноста на Либан.

По тет-а тет средбата со либанскиот министер за надворешни работи и имигранти Гебран Басил, министерот Чавушоглу одржаа заедничка прес конференција.

Чавушоглу рече дека на средбата со колегата Басил размениле мислења во врска со билатералните односи како и регионалните случувања кои директно ги засегаат интересите на двете земји.

На средбата разговарале и за процесот по оставката на премиерот Саад Харири, рече Чавушоглу потенцирајќи дека од колегата Басил се стекнале со информации за дипломатските контакти во врска со процесот.

„Турција го поддржува единството, стабилноста и интегритетот на Либан и сме против сите евентуални ризици кои можат да ја дестабилизираат земјата. Турција е на страната за изнаоѓање поволно решение на прашањето“, рече Чавушоглу изразувајќи задоволство од информацијата дека Харири ќе се врати во Либан.

„Прашањето треба да се реши по враќањето на Харири во Либан, да се разгледа со претседателот на државата, по потреба и другите политички актери како и претставниците на својата партија. Верувам дека ќе донесе разумна одлука без да потпадне под притисокот на било кој“ рече Чавушоглу.

„Турција го почитува ставот на либанскиот претседател Мишел Авн и другите либански претставници на власта“ рече Чавушоглу и истакна дека вложуваме големи напори за унапредување и развојна билатералните односи.

„Турција ќе продолжи со поддршката и придонесот на Мировните сили кои се наоѓаат во Либан“ рече Чавушоглу.



Слични вести