Турција упати протестна нота до Америка во врска со бизнисменот Реза Зараб

Според дипломатски извори, турските власти до САД упатиле протестна нота во врска со Зараб бизнисмен, кој во моментов чека судење

848582
Турција упати протестна нота до Америка во врска со бизнисменот Реза Зараб

Турција упати протестна нота до Соединетите Американски Држави во врска со бизнисменот Реза Зараб.

Според дипломатски извори, турските власти до САД упатиле протестна нота во врска со Зараб бизнисмен, кој во моментов е во притвор во Менхетн и чека судење.

Министерството за надворешни работи на Турција соопшти дека било упатено службено барање до американските власти за добивање на податоци за судењето на Зараб но дека сеуште не било одговорено на барањето.

„Врз основа на вестите кои што се појавија во медијумите, Министерството за надворешни работи се обрати со службено барање до властите во Вашингтон,но не беше одговорено на барањето. Надлежните служби на министерството го следат прашањето, се истакнува во соопштението на МНР.

 



Слични вести