Турција и Катар потпишаа низа договори за соработка

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во Доха оствари средба со емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани

848532
Турција и Катар потпишаа низа договори за соработка

Претседателот Реџеп Таип Ердоган во Доха оствари средба со емирот на Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани. 

По билатералниот состанок на Ердоган и Ал Тани, во Доха се одржа и третиот состанок на Високиот стратешки комитет на Турција и Катар, по што, во присуство на Ердоган и Ал Тани, беше реализирана и церемонијата на потпишување на договори за соработка.

Меморандумот за разбирање на полето на банкарството го потпиша претседателот на Централната банка на Турција, Мурат Четинкаја и претседателот на Централната банка на Катар, Шеик Бин Суд ал-Тани.

Меморандумот за разбирање во врска со соработката на полето на туризмот го потпишаа турскиот министер за култура и туризам Нуман Куртулмуш и катарскиот министер за економија и трговија Шеик Ахмед бин Јасим бин Мухамед ал-Тани.

Исто така, потпишани се и Меморандум за разбирање во врска со соработката во областа на правното и правосудното образование, Изјава за намера за соработка на полето на метеорологијата, Договор за соработка во братските пристаништа, Договор за соработка на правосудството во кривичните области, Меморандум за разбирање на полето на безбедноста на храната.

Потпишан е и Протокол за соработка помеѓу Радио-телевизија Турција (TRT) и Катарската медиумска корпорација (QMC), Меморандум за разбирање на полето на истражувањата помеѓу турската Организација за научни и технолошки истражувања (TUBITAK), Центарот за научни истражувања (BILGEM) и Катарскиот државен универзитет, како и Меморандум за разбирање и Заедничка декларација во областа на хуманитарната помош.



Слични вести