Турската амбасада во Вашингтон почна да прима барања за визи на граѓаните од САД

Амбасадата на Република Турција во Вашингтон соопшти дека турските дипломатски претставништва во САД почнале да примаат барања за издавање визи на американските граѓани во ограничен број .

842101
Турската амбасада во Вашингтон почна да прима барања за визи на граѓаните од САД

 

Амбасадата на Република Турција во Вашингтон соопшти дека турските дипломатски претставништва во САД почнале да примаат барања за издавање визи на американските граѓани во ограничен број .

Откако САД соопшти дека  американските дипломатски претставништва во Турција започнале, да примаат барања за издавање визи на турските граѓани, во ограничен број и турската амбасада во Вашингтон соопшти дека почнала да прима барања за издавање визи за граѓаните на САД.

Министерството за надворешни работи на Турција претходно имаше соопштено дека најавата на Вашингтон за започнување на процесот на издавање визи за турските граѓани доаѓа во предвечериоето на официјалната посета на премиерот Бинали Јилдирим на САД на 7 ноември и дека претставува позитичен чекор напред.

Имено, американскиот сервис за визи испрати информација до заинтересираните граѓани на Турција дека канцелариите на американската дипломатска мисија ќе почнат да примаат барања за визи и да закажуваат термини за разговори со кандидатите.

За потсетување,  американските власти на почетокот на октомври соопштија дека е стопирано издавањето визи во дипломатско-конзуларните претставништва во Турција и дека тоа е мерка за преиспитување на односите на Турција кон прашањето на безбедноста на дипломатските претставништва и персоналот. Турција одговори на ист начин и престана да издава визи во дипломатските претставништва во САД.

САД го сопреа издавањето визи за турските државјани поради апсењето на локалниот вработен во американскиот конзулат во Истанбул, кого турските органи го товарат за поврзаност со терористичката организација ФЕТО.



Слични вести