Промоција на новата зграда на Културниот центар Ататурк во Истанбул

Турскиот народ располага со богати културни извори

841945
Промоција на новата зграда на Културниот центар Ататурк во Истанбул

Зградата на новиот Културен центар Ататурк која што се предвидува да се изгради на старото место, беше промовирана со анимиран филм.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во говорот на промотивната свеченост што беше одржана во Конгресниот центар Халич ги објасни деталите во врска со Новиот проект на Културниот центар Ататурк што се предвидува да се изгради.

Ердоган во говорот рече дека турскиот народ располага со богати културни извори. Погледнете кон Исток, кавкаската култура, централноазиската култура, сите тие се наши култури. На север, кримската култура исто рака е и наша култура. На југоисток, месопотамиската култура во суштина е наша култура. Самата Анадолија е непресушен извор на култура. Проблемот се состои во тоа што ние луѓето не сме доволно свесни за богатата култура која што ја поседуваме.

На промоцијата првпат беа објавени новите снимки во врска со целосниот проект.

Новиот Културен центар привлекува големо внимание и интересирање со современата архитектура.

Со завршувањето на проектот, во рамките на комплексот се предвидува да се изградат оперска сала со најдобра акустичност, уметничка галерија, театарска сала, библиотека, повеќенаменска сала, балетска сала, изложбени сали и ресторан.

Изградбата на комплексот се предвидува да заврши во првиот квартал на 2019 година и по свеченото отворање на истиот, Истанбул и земјата ќе се стекнат со едно ново лице и симболичен простор, рече Ердоган.



Слични вести