Вицепремиерот Хакан Чавушоглу денес во посета на Атина

Чавушоглу првата средба во Атина ќе ја одржи со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и со министерот за истражување и верски прашања Константинос Гавроглу

839135
Вицепремиерот Хакан Чавушоглу денес во посета на Атина

Вице премиерот на Република Турција Хакан Чавушоглу денес ќе отпатува во официјална посета на Грција на средби и разговори со тамошните политичари.

Потпретседателот на владата Чавушоглу првата средба во Атина ќе ја одржи со министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас и со министерот за истражување и верски прашања Константинос Гавроглу.

Нешто потоа Хакан Чавушоглу ќе биде примен од премиерот Алексис Ципрас.

Како што најавија од кабинетот на Чавушоглу во официјалните разговори во Атина се очекува да стане збор за билатералните односи. 

Чавушоглу после официјалните разговори во Атина ќе отпатува за Комотини неговото родно место.

Во Комотини Чавушоглу ќе одржи средби со своте сограѓани, Турците од Западна Тракија.

 



Слични вести