Регионалната курдска управа на северот на Ирак треба да фрли уште неколку чекори

Турција не може да го прифати предлогот на Русија за учество на терористите на ПЈД/ЈПГ на состаноците за Сирија

838514
Регионалната курдска управа на северот на Ирак треба да фрли уште неколку чекори

Регионалната курдска управа на северот на Ирак за да може да ги продолжи контактите со Турција, треба да фрли уште неколку чекори, порача Ибрахим Калин, портпаролот на кабинетот на претседателот на државата.

На прес конференцијата во претседателскиот дворец, портпаролот Калин направи проценка на актуелните случувања.

Во врска со поднесувањето оставка на Месут Барзани, лидерот на Регионалната курдска управа на северот на Ирак на претседателската функција и предавањето на овластувањата на Нечирван Барзани, во регионот се формира една нова ситуација.

На едно прашање на новинарите во врска со барањето за одржување средба на Нечирван Барзани, портпаролот Калин рече:

„Во случај претседателот на државата најде за сходно да се одржи средба, истата ќе се одржи во поволно време и место. Но претходно, Ербил сеуште треба да фрли одредени чекори“.

Портпаролот Ибрахим Калин подвлече дека Турција остро реагираше на повикот на Русија за учество на приврзаниците на ПЈД/ЈПГ сириската фракција на сепаратистичко-терористичката организација ПКК на состаноците посветени на Сирија ви во тој контекст рече:

„Секако дека тоа е неприфатливо за Турција“.



Слични вести