Железницата Карс-Тбилиси-Баку ќе го поврзува Пекинг со Лондон

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека чувствува големо задоволство од тоа што ја пуштиле во сообраќај железницата Карс-Тбилиси-Баку со чие функционирање ќе бидат поврзани Пекинг со Лондон.

837940
Железницата Карс-Тбилиси-Баку ќе го поврзува Пекинг со Лондон

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека железницата Карс-Тбилиси-Баку ќе го поврзува Пекинг со Лондон.

Вториот ден од официјалната посета на Баку,Азербејџан претседателот Ердоган се состана со својот домаќин претседателот на Азербејџан Алиев. После средбата Ердоган и Алиев претседаваа со Советот за стратегиска соработка на највисоко ниво меѓу Турција и Азербејџан.

Говорејки на седницата на советот претседателот Ердоган рече дека чувствува големо задоволство од нивото на кое што се наоѓаат пријатеслките и братските односи меѓу двете соседни земји. Чувствувам големо задоволство од тоа што ја пуштивме во сообраќај железницата Карс-Тбилиси-Баку со чие функционирање ќе бидат поврзани Пекинг со Лондон.

Инаку на  состанокот на Советот за стратегиска соработка на највисоко ниво меѓу Турција и Азербејџан присуствуваа министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за национално образование Исмет Јилмаз, министерот за национална одбрана Нуретин Џаникли, министерот за транспорт,поморство и комуникации Ахмет Арслан, државниот потсекретар на МИТ Хакан Фидан и портпаролот на преседателството на Република Турција Ибрахим Калин.

 

 



Слични вести