Железничката линија Баку-Тбилиси-Карс ќе ги зајакне мирот, безбедноста и стабилноста на регионот

Проектот беше остварен како резултат на големи напори и самопожртвуваност

837260
Железничката линија Баку-Тбилиси-Карс ќе ги зајакне мирот, безбедноста и стабилноста на регионот

Економските придобивки на железничката линија Баку-Тбилиси-Карс ќе ги зајакнат мирот, безбедноста и стабилноста на регионот, рече претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Претседателот Ердоган на аеродромот Хајдар Алијев во Баку беше пречекан од страна на потпретседателот на Азербејџан Јагуб Ејунов, амбасадорот на Азербејџан во Анкара Хазар Ибрахим, амбасадорот на РТ во Баку Ерјан Озорал како и дипломатскиот персонал на амбасадата.

Во придружба на претседателот Ердоган во Баку допатуваа сопругата Емине Ердоган, министерот за економија Нихат Зејбекчи, министерот за енергија и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за национално образование Исмет Јилмаз, министерот за одбрана Нуретин Џаникли и министерот за транспорт, поморство и комуникации Ахмет Арслан.

Претседателот Ердоган во Баку најпрвин учествуваше на свеченото отворање на железничката линија Баку-Тбилиси-Карс.

Во говорот во оваа прилика Ердоган рече:

„Проектот чие остварување претставува одраз на нашата одлучност и визија е многу значаен од аспект на тоа дека беше остварен како резултат на големи напори и самопожртвуваност. Економските придобивки на линијата, освен политички ќе обезбеди и мировен, безбедносен, стабилен и социјален просперитет“, рече Ердоган.

„Линијата, освен товарна и човечка раздвиженост, ќе обезбеди и раздвиженост на знаењата како и допринес во развојот и унапредувањето на меѓусебните односи“, рече претседателот Ердоган.

Со проект железничката линија Баку-Тбилиси-Карс ќе се обезбеди годишен транспорт на околу 1 милион лица и 6,5 милиони тони товар, рече Ердоган и потенцираше дека во 2030 година, капацитетот на транспорт на патници на железничката линија се очекува да достигне 30 милиони патници, 17 милиони тони товар.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на вечера ќе се состане со претседателот на Азербејџан Илхам Алијев, претседателот на Казахстан Бакитџан Сагинтијев, премиерот на Узбекистан Абдула Арипов и премиерот на Грузија Гиорги Квирикашвили.



Слични вести