Денес Турција ја одбележува 94. годишнина од своето постоење

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган, положи цвеќе во Аниткабир, мавзолејот на основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк во Анкара.

Денес Турција ја одбележува 94. годишнина од своето постоење
izmir zeybek.jpg
antalya fener alayi.jpg
devlet erkani anitkabir.jpg

По повод 94. годишнина на Република Турција, денеска претседателот, Реџеп Тајип Ердоган, положи цвеќе во Аниткабир, мавзолејот на основачот на Турција, Мустафа Кемал Ататурк во Анкара.

Во придружба на претседателот Ердоган беа и претседателот на Големото народно собрание на Република Турција Исмаил Кахраман, премиерот, Бинали Јилдирим, началникот на Генералштабот нa Tурските вооружени сили и генерал на армија Хулуси Акар, претседателот на Републиканската народна партија (CHP) Кемал Киличдароглу, претседателот на Партијата за национално движење (MHP) Девлет Бахчели, претставници на судските институции на Турција, членови на Владата, претставници на политичките партии, команданти на вооружените сили и други високи претставници.

По пристигнувањето во мавзолејот, претседателолт Ердоган положи венец со интонирањето на националната химна на Република Турција, по што на Кемал Ататурк му е оддадена почит со едноминутно молчење. За време на церемонијата, пред мавзолејот беа присутни и голем број на граѓани.

Ердоган се потпиша и во Спомен книгата во Аниткабир и притоа напиша дека Турција и денес исправено стои како и пред 94 години, а потоа се осврна и на неуспешниот обид за воен удар кои го изведоа припадниците на терористичката организација ФЕТО, на 15 јули 2016 година.

Манифестацијата за одбележувањето на 29 октомври, Денот на Републиката продолжи со различни свечености во Турција, како и во Турската Република Северен Кипар. Годишнината од основањето на Републиката се одбележува со свечен прием во амбасадите на земјата ширум светот.

Планирано е централниот прием да се одржи во Претседателската палата во Анкара, а на програмата ќе присуствува и турскиот премиер.

Секоја година, Турција го одбележува 29 октомври, Денот на Републиката, во знак на сеќавање на1923 година, кога е прогласена Републиката.

 



Слични вести