Чавушоглу :Мораме да имаме многу поголема соработка во борбата против тероризмот

Шефовите на дипломатиите на Грција и на Турција Моѕијас и Чавушоглу имаа заедничка средба во Анкара

833667
Чавушоглу :Мораме да имаме многу поголема соработка во борбата против тероризмот

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас, кој престојуваше во еднодневна работна посета на Турција  имаа заедничка средба во Министерството за надворешни работи на Турција, по што одржаа прес-конференција.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во оваа прилила подвлече дека од 15 јули 2016 година досега, 995 лица поднеле барање за азил во Грција и додаде: „Не сакаме Грција да биде база за азил на припадниците на ФЕТО“.

Потсетувајќи на осумтемина војници, припадници на ФЕТО, кои учествуваа во обидот за државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, а кои потоа  пребегнаа во Грција, Чавушоглу изјави:

„За жал, грчките судови овие осум лица не ѝ ги испорачаа на Турција. Тоа длабоко нѐ разочара, бидејќи Грција е земја што многу страдала поради државните удари во минатото, а исто така и грчката нација. Затоа, ние, според грчкиот Устав и законите, очекувавме овие лица да ни бидат испорачани. За жал, овие наши очекувања не беа исполнети. Од друга страна, информирани сме дека други двајца поранешни војници кои учествуваа во обидот за атентат на почитуваниот претседател на Турција .Ердоган, во Мармарис, пребегаа во Грција и сакаме уште еднаш да го повториме нашето барање за нивна испорака“.

Министерот Чавушоглу истакна дека е потребна соработка меѓу двете земји во борбата против тероризмот и додаде: „Во минатото, особено во борбата против ДХКП-Џ, Грција реализира некои чекори коишто ги поздравуваме, но сепак мора да се прифати дека ДХКП-Џ и ПКК сѐ уште се присутни во оваа земја и потребно е да не се дозволуваат нивните активности. Теророт ни е непријател на сите нас, тероризмот треба да се уништи“.

Чавушоглу истакна дека не треба да им се дадат олеснувачки можности на терористите и на пучистите, и потсети на чекорите што Грција ги имаше преземено против ДХКП-Џ.

„Го цениме тоа што го направија, но исто така, факт е дека мораме да имаме многу поголема соработка во борбата против тероризмот“, истакна министерот Чавушоглу.



Слични вести