Европа умре во Босна, а во Сирија беше покопана

Европа падна на тестот во периодот од 1991-1995 година кога во рамките на граѓанската војна во поранешна Југославија, кога Србите вршеа геноцид над Бошњаците

832574
Европа умре во Босна, а во Сирија беше покопана

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Европа умре во Босна, а беше покопана во Сирија.

Во говорот на Комеморативната програма што беше одржана по повод 14-та годишнина од смртта на Алија Изетбеговиќ во претседателскиот Културен и конгресен центар Бештепе, претседателот Ердоган остро реагираше на начинот на однесувањето на австриските цариници и полицајци на аеродромот во Виена врз граѓаните кои од Австрија се подготвуваа да полетаат за Турција, а кои видео снимки беа објавени во социјалните медиуми.. На видео снимките може да се види како австриските цариници и полицајци со кучиња на еден понижувачки начин ги претресуваат граѓаните кои што се подготвуваа да долетаат во Турција.

За жал, Запад со австриските власти со кучиња ги претресува моите граѓани кои од Запад се подготвуваа да допатуваат во Турција. Зарем постои ваков резилук? Зарем вашите цариници и полицајци не можат да ги претресат напите граѓани? Ако станува збор за жена, тогаш нека ја претресе жена. Зошто ваков начин на однесување? Затоа што тоа постои во нивниот карактер и битие. Ама тоа не постои кај муслиманите, затоа што муслиманите не вршат зулум и тиранија, рече претседателот Ердоган.

„Европа падна на тестот во периодот од 1991-1995 година кога во рамките на граѓанската војна во поранешна Југославија, кога Србите вршеа геноцид над Бошњаците. Европа умре во Босна, е беше погребана во Сирија. Посмртните остатоци на невините деца на бегалците кои беа исфрлени од морињата на бреговите, претставуваат надгробни камења на Западната цивилизација. За жал вредностите на древна Европа во последните 7 години една по една беа дискредитирани од самите Европејци“, рече Ердоган.

„Кога Будистите, христијаните или Евреите вршат тероризам, тогаш од Запад нема никаков глас и реакција. Ама кога станува збор за терористички акции на муслиманите, тогаш се крева голема прашина. Ние муслиманите кога од нас ќе излезе терорист можеме да кажеме и да го осудиме нивниот терористички акт и да кажеме дека ДЕАШ е терористичка организација. Затоа и водиме борба против нив“, рече претседателот Ердоган.

До вчера, човековите права, демократијата, народната волја  и слободите на Бошњаците од страна на Запад се сметаа за преголеми придобивки. Истото се прави и смета и денес за Сиријците, Палестинците, Либијците. Без оглед на тоа дали ќе се променат угнетените или тиранините, на трибините никогаш не се менуваат оние кои што ги следат зулумите“, рече Ердоган.

Европските лидери треба да се ослободат од изнесувањето на Турција како цел и од нив очекуваме да се однесуваат разумно и совесно“, рече Ердоган.

„Поттикнувањето на ксенофобијата нема да биде во ничија корист. Формирањето власт врз основа на ксенофобијата никого нема да го искачи на некое повисоко место. Местото кое ќе го достигне Европа без Турција е осаменост, очај, внатрешни судири. Турција и пристапувањето на Турција е рецептот за решавање на хроничните проблеми на Европа кои не сакаат да го видат, подвлече претседателот Ердоган.



Слични вести