Во Истанбул започна 9. самит за економска соработка на земјите на Д-8

Претседателот Ердоган, им се обрати на гостите, учесници на 9. Самит за економска соработка на земјите од Д-8 со зборовите „Добре дојдовте во Истанбул“.

831235
Во Истанбул започна 9. самит  за економска соработка на земјите на Д-8

Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, им се обрати на гостите, учесници на 9. Самит за економска соработка на земјите од Д-8 во Културниот и конгресен центар „Љутфу Кирдар“ со зборовите „Добре дојдовте во Истанбул“. 

Претседателот на Турција, Ердоган, во своето обраќање пред членовите на организацијата Д-8, која ја сочинуваат претставници од 3 континенти, истакна дека чувствува голема среќа што е домаќин на останатите 7 почитувани членки на организацијата, кои ги соединија континентите, културите и срцата во Истанбул, град што се протега на 7 ридови.

Ердоган им се заблагодари на сите што во изминатите 20 години, служејќи ѝ на организацијата Д-8, го овозможиле нејзиниот раст и зацврстување. „Посакувам успешна средба, која се одржува во прилично болен период на глобални и регионални случувања. Се надевам дека денеска ќе ги разгледаме сите планирани теми и покрај финансискиот осврт за изминатиот период, ќе го изработиме патоказот за нашата иднина. 

„Речиси на секои 10 години се повторува економска криза. Во свет со толку големо производство и во толку богат свет, нашите браќа од Африка сѐ уште не можат да ги задоволат своите најосновни потреби. Глобалната нееднаквост, наместо да се намали, уште повеќе се зголемува. Терористичката закана, без да води сметка за растојанијата, широко се распространува. Но и покрај тоа, минуваме низ проблематичен период во којшто се дискутира за ‘добар терорист, лош терорист’. Некои намерно се обидуваат да ги поистоветат тероризмот и исламот, терористите и муслиманите. Групи убијци, како што се Боко Харам, ДЕАШ, ФЕТО, Еш-Шебаб, се материјал за непријателите на исламот“., рече во својот говор претседателот Ердоган.

Претседателот Ердоган изјави дека поради различноста по боја, јазик, религија и етнички идентитет, проблемот со миграциите и со бегалците се маргинализира и е отуѓен од прашањето на имиграцијата и бегалците.

Д-8 беше формиран во 1997 година а го сочинуваат Турција, Иран, Пакистан, Бангладеш, Малезија, Индонезија, Египет и Нигерија.

 



Слични вести