Турција го затвори воздушниот простор за летовите за Регионалната управа за северот на Ирак

Предлогот за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци доставен до Големото национално собрание

828277
Турција го затвори воздушниот простор за летовите за Регионалната управа за северот на Ирак

Потпретседателот и портпарол на владата Бекир Боздаг рече дека турскиот воздушен простор е затворен за летовите за Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

По вчерашниот состанок на владата што се одржа под претседателство на претседателот на републиката Реџеп Тајип Ердоган, портпаролот Бекир Боздаг рече:

Согласно одлуката на Советот за национална безбедност, турскиот воздушен простор се затвори за летовите за Регионалната управа на северот на Ирак.

Во претстојниот период ниту еден авион не ќе може да прелета преку турскиот воздушен простор и да лета за аеродромите на Регионалната управа на северот на Ирак. Исто така ниту еден авион кој ќе полета од овие простори не ќе може да го користи турскиот воздушен простор, рече Боздаг.

Во врска со предавањето на контролата на граничниот премин Хабур на Централната ирачка управа Боздаг рече дека започнаа активностите на тоа поле.

Портпаролот Боздаг меѓудругото рече дека Владата предлогот за продолжување на вонредната состојба за уште три месеци го достави до Големото национално собрание.



Слични вести