Турските вооружени сили продолжуваат со воздушни операции на подрачјето Зап

Во операциите во последните два дена беа неутрализирани 16 терористи

828392
Турските вооружени сили продолжуваат со воздушни операции на подрачјето Зап

Турските вооружени сили соопштија дека во судирите во подрачјето Зап на северот на Ирак загинаа 2, а 3 војници беа повредени.

Во соопштението на Турските вооружени сили беше истакнато следното:

Во експлозијата на рачната експлозивна направа на 16 октомври 2017 во подрачјето Зап на северот на Ирак која беше активирана од страна на сепаратистичко-терористичката организација и судирите загинаа двајца херои, додека тројца другари по оружје беа повредени од кои еден потешко. Во воздушниот напад на подрачјето Зап кој беше извршен веднаш по судирите, беа неутрализирани 8 терористи.

Во меѓувреме, во денешната воздушна операција на Турските вооружени сили на подрачјето Зап на северот на Ирак беа неутрализирани, 6, а во операцијата со беспилотните летала 2 приврзаници на сепаратистичко-терористиката организација.

Заедно со вчерашните операции, бројот на терористите кои беа неутрализирани изнесува 16.



Слични вести