СНБ на Владата и предложи да го затвори турскиот воздушен простор за летовите

Турција придава големо значење на територијалниот интегритет на Ирак

828162
СНБ на Владата и предложи да го затвори турскиот воздушен простор за летовите

Советот за национална безбедност (СНБ) на Владата и предложи да го затвори турскиот воздушен простор за летовите за Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

Советот за национална безбедност под претседателство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа состанок во претседателскиот дворец.

Во соопштението кое беше објавено по состанокот беше истакнато следното:

„На состанокот, на владата и беше предложено да го затвори воздушниопт простор за летовите за Регионалната курдска управа на северот на Ирак како и предавање на управата со граничниот премин Ибрахим Халил на Централната ирачка управа“.

На состанокот исто така беа разменети мислења и разгледани чекорите што ги фрли Централната ирачка управа во врска со воспоставувањето на уставниот суверенитет и особено во Киркук, значењето што го придава Турција на зачувувањето на политичкото единство и територијалниот интегритет на Ирак.

Во врска со состојбата на Турските вооружени сили во безконфликтната зона во Идлиб согласно консензусот што беше постигнат во  Астана, во соопштението на Советот за национална ебзедност беше истакнато следното:

„Нашите војници кои во безконфликтната зона во Идлиб се стационираа согласно консензусот во Астанаи со цел да се воспостави траен мир во Сирија, успешно ја остварија и продолжуваат со задачата.



Слични вести