Турција забрани издавање визи за државјаните на САД

Одлуката беше усвоена во знак на реваншизам на одлуката на администрацијата на САД

822762
Турција забрани издавање визи за државјаните на САД

Амбасадата на Република Турција во Вашингтон соопшти дека  ги суспендира сите активности во дипломатските мисии во САД во врска со издавањето визи на американските државјани.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Турската дипломатска мисија во САД беше истакнато следното:

„Последните случувања ја присилија Владата на Турција повторно да ги разгледа активностите на Администрацијата на САД во врска со гаранциите за безбедноста на објектите и мисиите на турските дипломатски мисии. Во текот на процесот на евалуацијата, запрено е издавањето визи на дражвјаните на САД во сите наши мисии во оваа земја со цел да се намали бројот на посетителите на нашата амбасада и генералните конзулати во САД.

Одлуката беше усвоена во знак на реваншизам на одлуката на администрацијата на САД која го суспендира издавањето визи од страна на американските дипломатски мисии за граѓаните на Турција дури и оние кои не се однесуваат на миграциите.

Случувањата беа доживеани по апсењето на Метин Топуз кој работеше во генералниот конзулат на САД во Истанбул, а кој во рамките на истрагата против Фетулахистичката терористичка организација ФЕТО беше уапсен поради основано сомнение за кривични дела обид за рушење на уставниот поредок, шпионажа и обид за рушење на Владата на Република Турција.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во изјавата во врска со прашањето рече:

„Пресудата во врска со наведеното лице ќе ја донесе независното правосудство, а не политичарите, јас или Министерството за надворешни работи на САД. Имаме сериозни обвинувања и докази. Бев известен бидејќи се наоѓа на дипломатска задача, поради што се советував со правосудните органи во Истанбул кои ми рекоа дека постојат сериозни сознанија и докази“.



Слични вести