Нападнати кампови на ПКК во северот на Ирак

Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили ги гаѓале новооткриените скривалишта на терористите

823264
Нападнати кампови на ПКК во северот на Ирак

Најмалку петмина припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушните напади кои ги изведоа утринава турските воздухопловни сили врз терористичките кампови во југоисточниот дел на Турција и во северен Ирак.

Генералштабот на турската војска соопшти дека воздушните сили ги гаѓале новооткриените скривалишта на терористите на периферијата од подрачјето Јуксекова, во околината на Хакќари.

Слични напади се изведени и на терористичките кампови во планинскиот регион Зап во северен Ирак.

Во соопштението се наведува дека операциите се успешно спроведени и дека борбата против тероризмот во тој регион продолжува.

Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека во период од 2 до 9 октомври во офанзивите на турската армија против терористите на ПКК биле неутрализирани 18 терористи на ПКК, 15 биле живи заробени а 8 самите се предале.

 



Слични вести