Воздушна операција на камповите на ПКК во подрачјето Гара на северот на Ирак
Борбените авиони ги уништија позициите, засолништата и складиштата за оружје и муниција на терористите кои се подготвуваа да извршат напади

Турските вооружени сили извршија воздушна операција врз камповите на ПКК во подрачјето Гара на северот на Ирак.
Во рамките на операцијата беа уништени позициите, засолништата како и складиштата за оружје и муниција на терористичката организација кои претходно беа утврдени.
Според соопштението кое беше објавено од страна на Генералштабот, Турските вооружени сили продолжуваат со бомбардирањето на камповите на северот на Ирак кои се користат од страна на сепаратистичко-терористичката организација.
Вчера борбените авиони на Командата на воздушните сили извршија воздушна операција на камповите на ПКК во подрачјето Гара.
Авионите ги уништија позициите, засолништата и складиштата за оружје и муниција на терористите кои се подготвуваа да извршат напади.