Заврши досието за екстрадицијата на Ѓулен

Моментално нема никакви недостатоци од технички аспект или документацијата

818605
Заврши досието за екстрадицијата на Ѓулен

Министерот за правда Абдулхамит Ѓул рече дека заврши подготвителниот процес на досието за екстрадиција на Фетулах Ѓулен, челникот на Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО).

На свечената манифестација по повод новата законодавна година во салата за свечености на Големото национално собрание на Турција, министерот Ѓул одговараше на прашањата на новинарите.

На едно прашање во врска со екстрадицијата на Ѓулен, министерот Ѓул рече дека заврши процесот на постапката предвиден со меѓународните договори и договорот за екстрадиција.

Моментално нема никакви недостатоци од технички аспект или документацијата. Гледано од аспект на процесуалната постапка не останаа никакви недостатоци. Активно го следиме целиот процес, рече министерот Ѓул.



Слични вести