Турската црвена полумесечина испрати помош во Мексико

Турската црвена полумусечина испрати помош од 2000 пакувања во Мексико за настраданите во земјотресот.

818714
Турската црвена полумесечина испрати помош во Мексико

Турската црвена полумусечина позната како хуманитарна организација која испраќа помош до сите страни на светот деновиве испрати помош од 2000 пакувања во Мексико за настраданите во земјотресот.

Помошта беше испратена до жителите на Пуебло кои беа најтешко погодени од катастрофалниот земјотрес.

Помошта до жителите на Пуебло беше испратена во соработка со Мексиканскиот Црвен крст.

Во акцијата учествуваше и амбасадорот на Република Турција во Мексино Тимур Сојлемез заедно со персоналот на амбасадата.

Нешто потоа амбасадорот Сојлемез истакна дека во оваа прилика успеавме знамето на Република Турција да го виориме овдека во Мексико. Добивме голема благодарност од жителите на Пуебло заради помошта во храна, лекови и средства за секодјевна хигиена.

Како што е познато 361 лице загина во силниот земјотес кој го погоди Мексико на 19 септември.

 



Слични вести