Треба да се зачува територијалниот интегритет на Ирак и на Сирија

Ова е општиот впечаток од турско-руските разговори на највисоко ниво меѓу Ердоган и Путин во Анкара

816544
Треба да се зачува територијалниот интегритет на Ирак и на Сирија

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изрази задоволство од јакнењето на односите со Русија.

Ердоган заедно со претседателот на Русија Владимир Путин кој што допатува во официјална посета на земјава приреди заедничка конференција за печатот после официјалните турско-руски разговори на највисоко ниво.

Претседателот Ердоган истакна дека во разговорите станало збор за актуелни билатерални и регионални прашања и додаде дека главниот акцент во нив паѓа на трговијата и туризмот. Во последните 7 месеци е остварен значителен развој во бројките кои што се однесуваат на трговската соработка и соработката во туризмот меѓу двете земји. Исто така констатиравме дека и покрај тоа што постојат одредени пречки во реализацијата на заедничките проекти како што се проектите Турски тек, и нуклеарната централа Аккују, сепак тие во најкраток временски рок ќе бидат надминати.

Претседателот Ердоган, воедно додаде дека на подрачјето на Блискиот Исток во последно време станува сè почувствително и покревко..

„За жал, нашиот регион во последно време станува сè почувствителен. На пример, референдумот кој се одржа нема никаков легитимитет во поглед на Уставот на Ирак, како и во поглед на меѓународното право“, истакна Ердоган.

Тој нагласи дека Турција и Русија се согласни по прашањето на територијалниот интегритет на Ирак, но и на Сирија.

„Разговаравме и за регионални прашања, вклучувајќи ги Ирак и Сирија. Согласни сме во однос на прашањето за територијалниот интегритет на Ирак, но и на Сирија“, рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција и Русија повторно ја искажале одлучноста за постигнување на политичко решение за сирискиот конфликт. Повторно ја потврдивме одлучноста за зачувување на заедничката волја и блиската соработка со цел да пронајдеме политичко решение за сирискиот конфликт, додаде Ердоган.

Високиот гостин од Русија ,претседателот Владимир Путин во обраќањето кон новинарите истакна дека било тешко да се формираат „зоните без судири“ во Сирија, додавајќи дека со иницијативите и со силната волја на претседателот Ердоган постинати се важни успеси.Тој додаде и дека формирањето на „зоните без судири“ дало значаен придонес кон мировните преговори во Женева. 

Инаку претседателот Реџеп Тајип Ердоган претходно во претседателската палата Бештепе во Анкара, со највисоки државни почести го пречека претседателот Владимир Путин кој допатува во еднодневна работна посета на Анкара.

 



Слични вести