Седница на советот за национална безбедност

Извори на претседателството соопштија дека на седницата биле разгледани актуелните случувања во регионот,со посебен акцент на Ирак и на Сирија

815769
Седница на советот за национална безбедност

Вчера зад затворени врати се одржа седница на Советот за национална безбедност на Република Турција.

Со седницата претседаваше претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Седницата се одржа во претседателската палата во Анкара и траеше приближно 2,5 часа.

На седницата присуствуваа премиерот Бинали Јилдирим, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за национална одбрана Нуреттин Џаникли, началникот на генералштабот Хулуси Акар и низа врвни личности од власта.

Извори на претседателството соопштија дека на седницата биле разгледани актуелните случувања во регионот,со посебен акцент на Ирак и на Сирија.

Освен тоа било дискутирано и за борбата против тероризмот.

 



Слични вести