Ердоган го предупреди Барзани: Некој опасно ќе изгори

„Раководството на Барзани се фрли во оган.Тој оган нас ќе не одмине, но некој опасно ќе изгори“рече претседателот Ердоган критикувајќи го лидерот на Регионалната управа на северот на Ирак Месут Барзани заради неуставно спроведениот референдум

816033
Ердоган го предупреди Барзани: Некој опасно ќе изгори

Критикувајќи го лидерот на Регионалната управа на северот на Ирак Месут Барзани заради неуставно спроведениот референдум за независност претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече:

„Раководството на Барзани се фрли во оган.Тој оган нас ќе не одмине, но некој опасно ќе изгори“.

Говорејќи на свеченоста по повод доделувањето на дипломите во Полициската академија претседателот Ердоган се задржа на неуставно спроведениот референдум за независност и го постави прашањето: Кој ја признава вашата незавнисност?

Ердоган подвлече дека единствената причина поради која Турција се спротивставува на овој референдум кој инаку е сосема нелегитимен, е тоа што мисли на доброто на како на Курдите,така и на Арапите и на Туркмените.

„Гледате на Туркмените таму се вршат разни зулуми.Не се земаат во предвид нивните права и слободи.“рече претседателот Ердоган и продолжи со зборовите дека референдумот што го спроведоа властите на Регионалната управа на северот на Ирак и покрај сите предупредувања неизбежно ќе заврши со фрустрација.“

Ердоган потсети на разните задкулисни сценарија кои што се подготвуваа во минатото но и денеска во Сирија и во Ирак па и во Турција и рече:

„Да се оствареа овие нивни мрачни сценарија над Турција,сега во Сирија, во Ирак и во целиот регион ќе се зборуваше за сосема други работи. Ние ги расипуваме сите нивни сценарија и задкулисни игри, но тие подготвуваат други.“

 



Слични вести