Трета етапа на воената вежба на турските вооружени сили на границата со Ирак

Во оваа етапа ќе учествуваат и воени лица на Ирачките вооружени сили

814023
Трета етапа на воената вежба на турските вооружени сили на границата со Ирак

Воената вежба на Турските вооружени сили во граничното подрачје Хабур кај Силопи што ја започна на 18 септември влезе во третата фаза.

Оваа фаза на воената вежба ќе се оствари заедно со воените лица на Ирачките вооружени сили кои синоќа пристигнаа во подрачјето.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган во вчерашната изјава во Истанбул рече дека воената вежба во подрачјето Хабур и околината ќе се оствари во заедничка соработка со ирачките сили.



Слични вести