Ердоган: Референдумот за независност на северот на Ирак претставува предавство на Турција

Славењето на референдумот уште пред да бидат отворени гласачките кутии, и тоа од терористичката организација ПКК, покажува дека тука нема место на легитимитет, истакна претседателот Ердоган

814652
Ердоган: Референдумот за независност на северот на Ирак претставува предавство на Турција

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека референдумот за независност на  Регионалната управа на северот на Ирак претставува предавство на Турција.

„ Славењето на референдумот уште пред да бидат отворени гласачките кутии, и тоа од терористичката организација ПКК, покажува дека тука нема место на легитимитет.

Регионалната управа на северот на Ирак и покрај сите предупредувања на Турција  и на меѓународната заедница го спроведе референдумот за независност. Истиот е неважечки бидејќи е во спротивност со уставот на Ирак и не ја доби поддршката на ниту една земја освен на Израел. Но едно треба да им биде јасно на властите на северот на Ирак, а тоа е дека светот не се состои само од Израел.

Моментално сите опции почнувајќи од економски санкции па се до воена интервенција се на масата. Кога ќе се затворат граничните премини, славините на нафта и транспортот на камионите кој што се одвива преку Турција, е дури тогаш ќе се видат последиците од нелегално спроведениот референдум за независност.

Освен тоа пристигнуваат информации и за нерегуларности на гласањето на самиот референдум за независност, и тоа особено во градовите и населените места каде во мнозинство живее туркменско и арапско население.“ рече претседателот Ердоган.

 

 



Слични вести