Турција не го признава незаконскиот референдум на северот на Ирак

Турција ќе ги преземе сите потребни мерки и санкции за зачувување на националната безбедност

813190
Турција не го признава незаконскиот референдум на северот на Ирак

Турција не го признава незаконскиот референдум за независност на Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на МНР во врска со прашањето беше истакнато дека нема да важат резултатите од референдумот.

Турција не ја признава оваа иницијатива која е лишена од меѓународното право, уставот на Ирак и секој вид правна основа и легитимност, ебеше истакнато во соопштението.

Уште еднаш потенцираме дека во случај во периодот на одржувањето на референдумот и потоа, одредени радикални групи и терористи сакаат да ја искористат и злоупотребат оваа ситуација за одржување акции кои ќе предизвикаат закана за националната безбедност на земјата како и безбедноста на Ирак, Турција поаѓајќи од начелата на меѓународното право како и овластувањето со кое се стекна со одобрението на Големото национално собрание, ќе ги преземе сите потребни мерки и санкции на тоа поле, беше подвлечено во соопштението на МНР.

Затоа го повикуваме раководството на Регионалната управа на северот на Ирак во натамошниот период да се врати кон здравиот разум и наместо да трча по краткорочни политички интереси и утописки цели, да води политика која на долгорочен план ќе биде во корист на целиот ирачки народ и ќе воспостави спокојство и просперитет.



Слични вести