Референдум за независност на Регионалната курдска управа на северот на Ирак ќе заврши со хаос

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани

813187
Референдум за независност на Регионалната курдска управа на северот на Ирак ќе заврши со хаос

Турција и Иран соопштија дека утрешниот референдум за независност на Регионалната курдска управа на северот на Ирак ќе заврши со хаос.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа телефонски разговор со иранскиот колега Хасан Рохани.

Лидерите разменија мислења во врска со билатералните односи, референдумот во Регионалната курдска управа на северот на Ирак како и другите регионални прашања.

На средбата уште еднаш беше потенцирано на значењето на територијалниот интегритет и суверенитет на Ирак како и претстојната посета на претседателот Ердоган на Техеран планирана за 4 октомври.

Во меѓувреме, расте напнатоста во Ирак пред референдумот во Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

Багдад најпрвин ја повика Регионалната курдска управа на северот на Ирак да ги врати граничните контролни пунктови и аеродромите.

Багдад од меѓународната заедница побара да ја оконча трговијата со нафта со Регионалната управа на северот на Ирак.



Слични вести