Јилдирим :Референдумот за независност нема да донесе ништо добро на регионот

Премиерот Бинали Јилдирим го повтори повикот до претставниците на Курдската регионална управа на северниот дел на Ирак, да се откажат од референдумот

812249
Јилдирим :Референдумот за независност нема да донесе ништо добро на регионот

Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес во Анкара го повтори повикот до претставниците на Курдската регионална управа на северниот дел на Ирак, да се откажат од референдумот најавен за 25 септември оваа година.

„Сакам да го повторам повикот, сѐ уште не истече времето. Управата на северниот дел на Ирак, Барзани, треба да се откажат од тој инает. Референдумот што се обидува да го одржи, а на кој се противи целиот свет и кој не е во согласност со меѓународното право, нема да донесе ништо добро ни за нашите браќа Курди во тој регион. Нема да донесе ништо добро ниту во регионот во целина“, изјави Јилдирим.

Турција, истакна премиерот Јилдирим во продолжение никогаш нема да прифати ниту една иницијатива која ќе резултира со промена на статусот на државите. Целиот свет е против овој референдум, освен тоа  додавањето на градот Ќеркук кон овој референдум е уште поголема грешка бидејќи 70 посто од населението на Ќеркук го сочинуваат Туркмени.



Слични вести