Ердоган одржа средба со катарскиот емир Ал Сани

Двајцата лидери освен билатералните односи разменија мислења и во врска со регионалните и меѓународни прашања

807411
Ердоган одржа средба со катарскиот емир Ал Сани

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган одржа средба со катарскиот емир Шеик Темин Бин Хамед Ал Сани.

Средбата која се одржа во претседателскиот дворец беше затворена за печатот и траеше 2,5 часа.

На средбата Ердоган – Ал Сани освен билатералните односи беа разгледани и регионалните и меѓународните прашања.

Според извори од кабинетот на претседателот, на средбата која беше остварена во рамките на работната посета на Ал Сани, двајцата лидери освен билатералните односи разменија мислења и во врска со регионалните и меѓународни прашања.

На средбата беше разгледана кризата со катар како и можностите за изнаоѓање решение на истата по дипломатски пат.

Претседателот Ердоган во освртот на последните случувања во регионот со посебен акцент на Сирија подвлече на одлучноста за унапредување и зајакнување на односите меѓу Турција и катар во сите сфери.



Слични вести