Преговори со Бангладеш за обезбедување трајна и постојана поддршка на муслиманите од Аракан

Турција е совеста на човештвот

805083
Преговори со Бангладеш за обезбедување трајна и постојана поддршка на муслиманите од Аракан

Потпретседателот на владата Реџеп Акдаг рече дека Турција почна преговори со Бангладеш за обезбедување трајна и постојана поддршка на муслиманите од Аракан кои се засолнаа во оваа земја.

Министерот Акдаг на заедничката прес конференција со претседателот на Управата за елементарни непогоди и итни состојби при Владата (АФАД) Мехмет Ѓулоглу и претседателот на турската хуманитарна организација Црвена полумесечина Керем Киник ја претставија кампањата за помош на муслиманите во Аракан која што Турција ќе ја пружи.

Турција е совеста на човештвото, рече Акдаг и потенцираше дека во заедничка соработка со Црвената полумесечина, Министерството за здравство, секретаријатот за верски прашања и Невладините организации ќе започнеме сериозна кампања. Кампањата ќе ја оствариме со изворите кои ќе ги обезбеди владата од една страна, додека од друга страна пак финансиските извори кои ќе се обезбедат  благодарение на великодушноста на турскиот народ. На тој начин уште еднаш ќе пружиме помош на браќата во Аракан.

Турција се стекна со епитет на земја совест на човештвото и така ќе продолжи. Тоа го налага нашето верување и постоење., рече Акдаг.

Република Турција и нејзиниот народ се спремни да пружат секаков вид помош на браќата во Аракан.

Најзначајно во целиот овој процес ќе биде да се овозможи трајна и постојана помош. Моментално ние работиме на тоа. Почнавме средби и разговори со владата на Бангладеш. Ако се даде прилика и можност, Република Турција заедно со невладините организации ќе формира трајни прифатилишта и кампови за бегалците и ќе ги пружиме потребните услуги, рече Акдаг.

Во рамките на кампањата беше формирана и веб страница на интернет која гласи „www.arakanasahipcik.org“.

Сите оние кои што сакаат да пружат помош на муслиманите бегалци од Аракан со поопширни информации можат да се стекнат на наведената веб страница.



Слични вести