ТИКА продолжува доставувањето на хуманитарната помош на настраданите муслимани во Мијанмар

Претставниците на власта на Мијанмар им се заблагодарија на претставниците на ТИКА за помошта

802882
ТИКА продолжува доставувањето на хуманитарната помош на настраданите муслимани во Мијанмар

Според соопштението на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), првата пратка на хуманитарната помош на Турција која беше испратена на иницијатива на претседателот Реџеп Тајип Ердоган пристигна во Мијанмар.

Помошта свечено беше предадена на властите во провинцијата Ракајн (Аракан).

На свеченото предавање на хуманитарната помош учествуваше и претставникот на ТИКА во канцеларијата Јангон. Помошта која се состои од ориз, сушена риба и облека му беше предадена на Генералниот директор на службата за социјални услуги на Обединетата држава Мијанмар.

Претставниците на власта на Мијанмар им се заблагодарија на претставниците на ТИКА за помошта.

Помошта беше натоварена на хеликоптери и ќе продолжи доставувањето на истата во центрите за помош.

Потпретседателот на владата Хакан Чавушоглу во изјавата за печатот во врска со прашањето рече дека е доставена првата пратка на хуманитарна помош која што беше испратена. Во претстојниот период помошта ќе се доставува со воени хеликоптери.



Слични вести