Турција во втората етапа ќе испрати 10 тони помош на муслиманите во Аракан

Турција нема да се откаже од стратешката цел за пристапувае во ЕУ

802387
Турција во втората етапа ќе испрати 10 тони помош на муслиманите во Аракан

Претседателот на државата и партијата за правда и развој (АКП) Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција во втората етапа на муслиманите во Аракан во Мијанмар ќе испрати 10 тони помош.

Во говорот на состанокот на проширениот состав на партиските ограноци што се одржа во седиштето на партијата, Ердоган се осврна на состојбата на муслиманите во Аракан.

По вчерашниот телефонски разговор што го одржа со лидерот на Мијанмар, претседателот Ердоган рече дека отворија портите на областа и дека Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ќе достави илјада тони хуманитарна помош на бегалците во камповите.

Вечерва во Бангладеш ќе престојуваат сопругата Емине Ердоган, синот Билал Ердоган, министерката за социјални политики Сајан Каја и пратеникот на АК партијата од Истанбул Равза Кавакчи кои ќе ги посетат камповите и ќе поделат помош. Во втората етапа ќе испратиме 10 илјади тони храна, лекови и друг вид помош.

Проблемот во Аракан произлегува од постојаното прочешлување на долгото минато рече Ердоган.

Во врска со германскиот став дека се против пристапувањето на Турција во ЕУ, Ердоган рече:

Ако немате толеранција ниту за постоечките односи на Турција со ЕУ, тогаш храбро излезете и тоа јавно кажете го, исто така направете се што е потребно.

Јас лично сум незадоволен и загрижен поради тоа што главна тема на претстојните парламентарни избори во Германија е антитурската пропаганда, рече Ердоган.

Ниту една земја членка на ЕУ која деноноќно ќе се справува со Турција и мојата партија, нема да има никакви интереси. Зарем овие избори се одржуваат во Турција или во Германија? Вие гледајте си ја својата работа. Одржете си ги изборите, нас не не интересира кој ќе победи на изборите.

Официјалната државна политика на Турција е неоткажување од стратешките цели за пристапување во ЕУ.

Ни ги исполнивме сите обврски и задачи. Ние не правевме проблем поради доцнењата од страна на ЕУ, и со верување дека реформите истовремено ќе ги подигнат демократските и економските стандарди на нашите граѓани, продолживме да напредуваме. Но, обвинувањата од страна на Унијата, која не ги исполни ветувањата кон нашата земја, не се нешто што можеме да го трпиме.



Слични вести