Што поскоро треба да се изнајде трајно решение на драмата на која се изложени муслиманите во Аракан

Меѓународната заедница треба да посвети поголемо внимание на проблемот во Аракан

802130
Што поскоро треба да се изнајде трајно решение на драмата на која се изложени муслиманите во Аракан

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека што поскоро треба да се изнајде трајно решение на драмата на која се изложени муслиманите во Аракан.

По состанокот во Баку на ниво на министри за надворешни работи на кој учествуваа министрите на Турција, Азербејџан и Грузија, Чавушоглу одржа прес конференција на која рече дека по состанокот за муслиманите во Аракан ќе замине за Бангладеш.

Треба да најдеме трајно решение на проблемот во Аракан. Овој вид настани се случуваа и се карактеристика на минатото, рече Чавушоглу.

Меѓународната заедница треба да посвети поголемо внимание на проблемот во Аракан и целиот свет треба да биде почувствителен во однос на прашањето, а не само исламскиот, рече Чавушоглу.

Во Аракан се случува хуманитарна драма. Некои земји покажаа голема чувствителност. Турција ќе пружи помош на локалната управа во областа. Откако ќе ги намириме потребите на овдешното население, со меѓународната заедница ќе размениме мислења за тоа што се можеме да направиме. Нема да ги оставиме насамо. Човек чувствува големо жалење кога ќе погледне на местата во кои живеат жителите на Аракан. Луѓето како да живеат во затвор под отворено небо и во кал. Денес се неприфатливи условите во кои живат овие луѓе, рече Чавушоглу.



Слични вести