Не е случајно што главен белег на синоќешната дебата Шулц-Мерел удрија Турција и Ердоган

Игнорирањето на основните и итни проблеми на Германија и Европа и напаѓањето на Турција и претседателот Ердоган претставува одраз на стеснувањето на хоризонтот во Европа

800769
Не е случајно што главен белег на синоќешната дебата Шулц-Мерел удрија Турција и Ердоган

Портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин остро реагираше на критиките на синоќешната изборна дебата на канцеларката и лидер на германската Социјалдемократска партија Ангела Меркел и кандидатот за канцелар Mартин Шулц насочени против Турција.

Калин во пораката преку профилот на социјалната мрежа Твитер рече дека не е случајно што главен белег на синоќешната дебата удрија Турција и претседателот Ердоган.

Игнорирањето на основните и итни проблеми на Германија и Европа и напаѓањето на Турција и претседателот Ердоган претставува одраз на стеснувањето на хоризонтот во Европа. Антитурската пропаганда на Европа се трансформира во средство за  одложувањето на основните проблеми и средство на самоолеснување со „маргинализирање“ на некој друг непријател, рече Калин.

Сите оние општества и заедници кои себеси се обидуваат да се дефинираат врз основа на некојси непријател, никогаш не ќе можат да го откријат сопствениот идентитет. Овој начин на пристапување најголема штета ќе им нанесе нив самите. Потклекнувањето на главните политички движења пред популизмот и маргинилизирањето-непријателеството може да предизвика само поголема дискриминација и расизам. Германија како земја која отворено ги отвори вратите за терористичките организации ПКК и ФЕТО, зарем не е свесна дека ги брани терористите и пучистите, а не демократијата?, рече Калин.

Во врска со изборите во Германија, Калин рече дека веќе нема никакво значење кој ќе победи на изборите, бидејќи очигледно е кој менталитет ќе победи.

Фактот дека Меркел и Шулц на дуелот не говореа ништо за дискриминацијата и порастот на расизмот претставува јасен показател за нивото на кое се наоѓа германската политика, рече Калин.



Слични вести