Ердоган и Макрон разговараа за Сирија, Ирак и ситуацијата во Персискиот залив

Во разговорот било одлучено да се формира специјална контакт група за Сирија на седница на Генералното заседание на ОН што во септември ќе се свика во Њујорк.

797672
Ердоган и Макрон разговараа за Сирија, Ирак и ситуацијата во Персискиот залив

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Франција Емануел Макрон.

Се дознава дека Ердоган и Макрон разговарале за ситуациите во Сирија и во Ирак,како и за ситуацијата во Персискиот залив.

Елисејската палата во врска со телефонскиот разговор соопшти дека во разговорот било одлучено да се формира специјална контакт група за Сирија на седница на Генералното заседание на ОН што во септември ќе се свика во Њујорк.

 



Слични вести